Пивоваров: Не може разговор во кафеана со пријател да се пише и сфати како доказен материјал за утре да бидете лустрирани

Во суштина лустрацијата значи едно проветрување, прочистување, односно едно лице кое што правело зло со своето кодошење, да не дојде на некоја функција и да ја продолжи активноста која ја имало. Она што е пишано во материјалите кои тие ги добиваат во ниеден случај не значи дека е 100 отсто вистина, рече Владимир Пивоваров, национален координатор на граничното интегрирано управување во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.

– За појаснување материјалите кои што ги добиваа се креирани од агенти, службеници, надворешни служби. Не може разговор во кафеана со пријател да се пише и сфати како доказен материјал за утре да бидете лустрирани, изјави во „Утрински брифинг“ Пивоваров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот