Пицула: Честитки до македонските пријатели во СДСМ и до Зоран Заев кои одржаа дигитален конгрес

Фото: Твитер

Хрватскиот европратеник Тонино Пицула го поздрави одржувањето на онлајн – конгресот на СДСМ и донесувањето одлука за целосна родова еднаквост и учество на мажите и жените во органите и телата на партијата.

-Честитки до македонските пријатели во СДСМ и до Зоран Заев кои одржаа дигитален конгрес. Го избраа вистинскиот пат за да се спроведат прогресивни промени и да се оди напред. Ја поздравувам силната иницијатива за клучното учество на жените и на младите при донесувањето на одлуки- напиша Пицула на Твитер.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вчера на 25. Конгрес на партијата, кој е и прв дигитален конгрес во земјава, потсети на домашните успеси кои, како што рече, преку политики отворени кон и за сите граѓани успеа сериозно да ги зголемат платите во нашата држава.

СДСМ, рече Заев, е првата партија во нашата држава која на следниот конгрес својот  претседател ќе го бира на директни внатрепартиски избори, непосредно секој член ќе може да гласа и директно да одлучува кој и како ќе ја води партијата.

Заев од 25. Конгрес на СДСМ: Имаме признат македонски национален идентитет од целиот свет, македонскиот јазик е впишан во нашата лична карта во ОН

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот