Петровска: Набавката на хеликоптери е чиста и транспарентна, ја поздравувам проактивноста на Антикорупциската комисија

Славјанка Петровска
Славјанка Петровска, министерка за одбрана/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Набавката на хеликоптери е чиста и транспарентна, ја поздравувам проактивноста на Антикорупциската комисија, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.

-Колку што јас разбрав, иако до овој момент од денот кога беше објавено од страна на Антикорупциската комисија дека отвораат сличај за набавката на хеликоптерите до денес, во Министерството за одбрана не е пристигнато барање од стана на Државната комисија за спречување на корупција со кој побаруваат од нас дали било некои документи или материјали итн, изјаснувања по таа претставка. Чинам разбрав од јавноста дека станува збор за анонимна претставка која е испратена до нив, но нејсе. Јас веднаш ја поздравив нивната проактивна улога и нивниот интерес да го испитаат како што велат тие овој случај, иако за мене нема случај затоа што набавката е чиста и е транспарентна. Во поглед на законските прописи апсолутно е внимавано и нема колизија со ниту еден закон, вклучително и изборнот законик, затоа што ова е набавка која што е планирана и во Годишниот план за набавки, планирана е претходно и во Долгорочниот план за развој во одбранбените способности, ништо не е менувано преку ноќ во поглед на оперативните побарувања, потребите итн. Напротив, она што е декларирано како потреба од страна на Армијата, соодветниот интегриран проектен тим, таа задача, таа мисија е завршена и завршува со потпишувањето на договорот со компанијата која што е избрана – рече Петровска во емисијата Трилинг на ТВ 24.

Во однос на тоа дали опозицијата била запознаена со набавка на хеликопетри, Петровска потврди.

-На Комисијата за одбрана и безбедност, бидејќи согласно со процедурите откако Владата ќе усвои договор Влада со Влада и формација за потребата за склучување на ваков договор, пред договорот да биде склучен Министерството за одбрана испраќа инфомација до Комисијата за одбрана и безбедност, се свикува седница на која што јас присуствував, имаше и претставници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои јасно и тоа се гледа во записите од таа седница кажаа дека со ништо нема да го попречат овој проект, меѓутоа изразија определени прашања кои подоцна на истата таа седница од страна на членовите на Комисијата за набавки која е составена од стручни лица од Армијата беше презентиран целиот концепт, беше направена презентација на тоа што ние набавуваме, што впрочем беше направено и ден претходно на брифингот со новинари кои го имавме, така што јас тука не гледам елементи за тајност или нетранспарентност, напротив сметам дека целата постапка беше спроведена и транспарентно и јавно, но секако тоа не значи дека Државната комисија за спречување на корупција нема право, напротив имаат законска надлежност имаат и обврска и Министерството за одбрана како што реков стои на располагање да им одговори на сите нивни дополнителни прашања или барања кои ќе бидат доставени до нас –  посочи Петровска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот