Петровска: Итно да се донесе законот за ОЈО

Мора итно да се донесе законот за Јавно обвинителство, да се регулираат човечките ресурси, но и останатите кои ги користи Специјалното јавно обвинителство, така што за жал, останува на политичарите да ја решат судбината на овие две институции, изјави денеска Натали Петровска од „Блупринт група”.

– Специјалното јавно обвинителство треба да продолжи да функционира и понатаму во рамки на јавно обвинителскиот систем на земјава со иста надлежност и хиерарските поставеност каква што имаше до сега. Доказите и снимките треба да се користат во судските предмети – смета Петровска.

Таа нагласи дека доказниот материјал со кој располага СЈО, односно снимките се неопходни да бидат користени во текот на постапките во секој индивидуален случај како што тоа го уредува и законот за кривична постапка.

Во однос на изборот и назначувањето на обвинителите, Петровска, посочи дека нивните како група предлози се сосема спротивни од предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, доколку биде формирано одделение за гонење на организиран криминал и висока корупција, шефот на тоа обвинителство да биде на предлог на опозициската партија.

– За нас е категоричен ставот дека политичките решенија од минатото не би требало да бидат пракса и во иднина. Тие се покажаа како лоши и несоодветни решенија и сметаме дека профеаионализацијата на оваа инатитуција е повеќе од битна и доволно е што само државниот јавен обвинител доаѓа како политички предлог, меѓутоа останатите шефови на обвинителствата и одделенијата треба да се предмет на избор на Советот на јавни обвинители, изјави Петровска.

Претставник на Блупринт групата учествувал во работната група минатата недела во Министерството за правда за Законот за ЈО по што доставиле свои предлози за законското решение, но посочуваат дека во собранискиот предлог закон не се вклучени навните предлози и коментари во однос на законското решение.

Прашана за досегашните преговори за законот за ЈО, Петровска рече дека преговорите не се завршени и предлозите се ставени на маса.

– Несоодветно решение беше обидот да се направи хибрид од две-три законски предлози и решенија, кои доаѓаа како од Владата, така и од опозицијата, па и од граѓанскиот сектор. Не може повторно да оставите политички решенија, на шеф на новоформирано обвинителство, што според хиерархијата има одговорност на државен јавен обвинител, изјави Петровска.

Во однос на кредибилитетот на СЈО, Петровска, рече дека не треба кредивилитетот на институцијата да се врзува со една индивидуа.

– Сметаме дека СЈО како институција и целиот тим таму не треба да ја следат истата судбина и да бидат етикетирани од јавноста и медиумите, дека се истите непрофесионалци и немаат кредибилитет понатаму да работата, изјави Петровска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот