Петровиќ: Со скок игра и добра одбрана до триумф против Куманово

Фото: fmp.mk

Во саботниот натпревар од третото коло во кое ФМП Академија ја пречекува екипата на Куманово во салата „Независна Македонија“ во општина Кисела Вода со почеток од 18.00 часот, тренерот Александар Петровиќ и доскорешниот играч на Куманово, Лука Петровски едногласно изјавија дека контролата на скок играта и максималната пожртвуваност ќе бидат клучен фактор на натпреварот.

– Утре нѐ очекува тежок натпревар со конкурент за висок пласман, но без разлика на тоа нашата екипа ќе влезе максимално мотивирано во тој натпревар. Од натпревар во натпревар сме повеќе воиграни и дека даваме максимум од нашите способности.

Куманово има нов солиден тим со добри играчи. Се надевам на голема пожртвуваност како во нападот така и во одбраната и дека ќе дојдеме до посакуваната победа – вели Петровски.

– После поразот со Еуро Никел нѐ очекува нов натпревар со екипата на Куманово. Од моите играчи очекувам максимална пожртвуваност за секоја топка и на секој дел од теренот. Клучен фактор ќе биде скок играта, која ни недостасуваше на претходниот натпревар.

Со добра игра во одбраната и како што напоменав контрола на скок играта под кошевите, се надевам на нова победа на домашен терен – изјави тренерот Петровиќ кој во минатите 3 сезони беше на клупата на Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот