Петраков: Македонија е фаворит за освојување на првото место во групата

фото: ffa.am

Со жрепка во Париз, Франција, македонската фудбалска А репрезентација ги дозна ривалите за новото издание во УЕФА Лигата на нации.

Повторно нашите најдобри фудбалери ќе се соочат против Ерменија која се очекува да ни биде главен конкурент за првото место во групата „4“ од Лигата „Ц“.

Покрај Ерменците противници на Македонија ќе бидат и репрезентациите на Фарски Острови и Летонија.

Ги дознавме и распоредот на натпревари, нашата селекција во првото коло ќе игра на гости против Фарски Острови.

Свој коментар за групата имаше селекторот на Ерменија, Олександр Петраков:

– Интересна група. Не сме играле против Фарските Острови, знам дека има стадион со вештачка трева, на кој е тешко да се игра. Игравме против Македонија која има многу добар тим. Одиграа доста добри и квалитетни натпревари во квалификацискиот циклус на ЕП. Летонија е непријатна репрезентација со нов италијански селектор. За мене е добра можност да одговорам на болниот пораз од Летонија. Можам да кажам дека во моментов нема слаби селекции и дефинитивно ќе бидеме сведоци на добри натпревари во претстојната Лига на нации. Мислам дека Македонија е фаворит во нашата група – рече Петраков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот