Петмина мртви во хеликоптерска несреќа во Јужна Кореја

Хеликоптер/ Фото: EPA-EFE/Valda Kalnina

Пет лица загинаа откако хеликоптер од американско производство се урна во јужнокорејската провинција Гангвон, објави новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на пожарникарската служба.

Хеликоптерот Сикорски С-58Т од американско производство се урна во областа Јангјанг околу 10:50 часот по локално време, јавуваат медиумите.

На самото место најпрвин можело да се забележи чад, а потоа се запалиле делови од леталото.

Според извештаите, на помош пристигнале пожарникари и итната помош.

Хеликоптер, изнајмен од јапонските власти, прелетал над областа и ја анализирал шумата за можни шумски пожари.

Првично се верувало дека во хеликоптерот во моментот на несреќата имало само две лица – 71-годишен пилот и 54-годишен механичар. Сепак, спасувачите пронашле пет тела на местото на настанот.

Јужнокорејскиот премиер Хан Дук-су им нареди на локалните власти да направат се што е можно за да ги отстранат последиците од несреќата и да им помогнат на семејствата на жртвите.

Ова е четврта хеликоптерска несреќа во Јужна Кореја во последните две години, а сите четири пати во несреќите учествувале авионите на американскиот производител Сикорски Еркрафт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот