Петкова од ВМРО-ДПМНЕ: Обид за прикривање насилство врз 10-месечно бебе во гевгелиската градинка

Детска градинка / Фото: МИА

Ангелина Петкова, пратеничка во Собранието на РСМ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во соопштението на партискиот Центар за комуникации, тврди дека директорката на градинка во Гевгелија се обидела да прикрие насилство врз 10 месечно бебе во градинката

Елизабета Стефановска, поставена од министерката Јована Тренчовска молчи и го крие инцидентот.

Во изјавата на Петкова се тврди дека во вторникот, 22.11.2022 година, во детската градинка „Цветови” во Гевгелија се случил брутален инцидент: 10 месечно бебе заврши во општата болница во Гевгелија со констатирани тешки телесни повреди и хематом на главата.

„Директорката на градинката се обидела да го прикрие скандалот, наместо да преземе дејствија за санкционирање и да го пријави случајот во полициската станица во Гевгелија. Случајот ден потоа во полиција го пријавил родителот на бебето.

Елизабета Стефановска е директор на детската градинка „Цветови”. И за да остане директор на градинката како кадар на Социјалдемократскиот сојуз, и покрај големиот број на пропусти во работењето министерката Јована Тренчовска му ги одзема ингеренциите за детските градинки на територија на општина Гевгелија на градоначалникот Андон Сарамандов. Мандатот на Стефановска иако завршен и е продолжен од страна на министерката Тренчовска. Тренчовска му ги одзема ингеренциите за да можат директорите на Социјалдемократскиот сојуз да продолжат да ги држат функциите додека условите во градинките се сѐ полоши. Повредите со какви се стекнало 10 месечното бебе се големи. И реакција и одговорност мора да има. Ова не е прв инцидент откако оваа директорка менаџира со градинките во Гевгелија, сличен инцидент имаше пред две години, а минатата година кога снема огромни количини на нафта во градинката институциите повторно затаија со реакција“, вели Петкова.

Пратеничката во соопштението наведува дека ова е втор инцидент поврзан со дете со големи повреди во мандатот на истата директорка.

Уште што треба да се случи за истата да биде сменета? Затоа повикуваме – одговорност за инцидентот мора да има. И треба да бидат санкционирани со отказ и да се поднесат соодветни пријави. Ја повикуваме министерката да ја разреши директорката и да поднесе соодветни пријави заради прикривање и не преземање дејствија. Во исто време наместо да продолжи со самоволието министерката Тренчовска да ги врати ингеренциите на градоначалникот Андон Сарамандов, и да не се меша во работењето на градинките, зошто гледаме до каде не донесоа партиските кадри на Социјалдемократскиот сојуз во институциите, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот