Петков: Додека се справуваме со јазикот на омразата, Софија и Скопје да се вратат на попозитивни работи

Кирил Петков
Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија е важно перспективата да не се става само на тоа каков инцидент се случи и во исто време, додека се справуваме со јазикот на омразата, мора да се отворат и други теми како инфраструктурата и економијата, со цел односите да можат да имаат и позитивен карактер, изјави поранешниот бугарски премиер и копретседател на партијата Продолжуваме со промената, Кирил Петков.

„Во моментов е оставено на некои многу гласни луѓе да го дефинираат дијалогот меѓу двете земји. Време е да се вратиме на попозитивните работи“, рече Петков во изјава за Бугарското национално радио (БНР).

Според него, на земјава треба да и се каже дека условите ги поставува ЕУ и дека доколку сака да има европска иднина нема друг избор освен да почне да работи на позитивни теми со Бугарија и да го отстрани јазикот на омразата.

„Таквиот тип на дијалог е можен затоа што за време на нашата Влада, успеавме Европа да застане на наша страна, додаде Петков.

Осврнувајќи се на претстојните предвремени парламентарни избори во Бугарија, предвидени за 2 април, Петков изрази надеж дека неговата ПП ќе настапи со заедничка листа со блокот Демократска Бугарија, создавајќи јадро кое ќе промовира универзално прифатени политики и цели, што мора да се случат.

„Ние сме единствената динамика во политичкиот простор. Со ДБ создаваме јадро за кое се надеваме дека нема да биде само снежна грутка“, туку лавина, додаде Петков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот