Пет знаци дека се однесувате како мајка кон своето момче

Некогаш жените се склони кон тоа да се однесуваат како нивниот партнер да е дете, а тие се оние кои треба да го смират и воспитаат.

Во врските е сосема нормално едниот од партнерите да има барем 1% повеќе контрола врз нештата, но не по цена да се претвори во родител.

Обидете се да препознаете дали се однесувате кон своето момче или сопруг како да сте му мајка, бидејќи откако ќе го детектирате проблемот, многу полесно ќе го решите.

Ова се петте најчести знаци за тоа:

Секогаш имате приговор

За што и да направи, вие имате идеја како можел тоа да го направи подобро. Ако нешто згреши, тука сте да му одржувате лекции и проповеди. Никој не сака приговори, па затоа во врска е подобро да ги решавате проблемите со разговор.

Секогаш сте во право

Ако во текот на караницата или општо, во заедничкиот живот, сметате дека вие сте над партнерот, тогаш не го доживувате како рамноправен на себе. Тој тоа го забележува и бидете сигурни дека не се чувствува баш добро во врска со тоа.

Секогаш сте му на „служба“

Ги диплите неговите алишта затоа што не знае сам, му готвите затоа што не знае сам, му перете затоа што не знае сам… Честитки, веќе сте се претвориле во негова мајка без воопшто да сте свесни за тоа.

Го браните во јавност

Мајките ги штитат своите деца пред други, а вие тоа го правите за партнерот. Наместо тоа, најдобро е да го оставите самиот да преземе одговорност за своето однесување.

Сакате да го контролирате

Ваквото однесување е погубно за врската. Замислете како би ви било вас кога би се случувало обратното. Не е многу пријатно, нели?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот