Пет најсурови хороскопски знаци: Повеќе уживаат во туѓото страдање, отколку во својата среќа

Фото: Профимедиа

Во модерниот свет, има сè повеќе луѓе кои од нас ја црпат енергијата и си ја „хранат“ душата со фактот дека на другите не им оди најдобро. Астролозите велат дека таквите луѓе, „енергетските вампири“, најчесто се раѓаат во овие хороскопски знаци.

Стрелец

На прв поглед изгледаат љубезно, но тоа е само нивната маска. Стрелците никогаш нема да пропуштат можност да го извлечат она што им треба од некоја личност. Тие се вешти манипулатори и ги користат луѓето за да ги постигнат своите зацртани цели.

Тие ќе ви станат најдобри пријатели, потоа од вас ќе го земат она што им треба, па ќе ви го свртат грбот и никогаш повеќе нема да ви се јават.

Јарец

Во овој знак се раѓаат луѓето кои на сите им завидуваат на успехот. Тие сакаат да шират приказни за другите луѓе и да уживаат во туѓото страдање.

Во крвта им е да ги понижуваат другите луѓе и често мислат дека се во право и дека немаат никакви маани. Кога ви се случува нешто лошо во животот, Јарецот секогаш ќе биде наоколу за да ви „стави сол во раната“.

Близнаци

Близнаците често несвесно излегуваат лоши. Тие бараат внимание од другите, но кога некој нивен близок е во неволја, не умеат да им дадат поддршка. Тие не се толку завидни, колку што не умеат да бидат утеха и рамо за плачење. Тие едноставно не знаат што се одговорност и обврски. Ќе ве повредат, а потоа ќе се однесуваат како ништо да не се случило.

Лав

Претставниците на овој хороскопски знак едноставно сакаат да им го расипуваат животот на оние кои им „стапнале на жуљ“. Тие се мајстори за одмазда, тоа го прават намерно и планирано.

Многу лесно ги губат нервите поради туѓите успеси, ако на човек му оди добро, веднаш станува главен непријател на Лавот. Претставниците на овој знак имаат потреба секогаш да бидат пред сите, на врвот и во центарот на вниманието, па често чувствуваат љубомора и бес поради туѓите успеси.

Скорпија

Уживаат да ги уништуваат животите на луѓето, без посебна причина, едноставно уживаат во фактот дека некој страда. Дури и да бидат откриени, ќе најдат многу причини да се оправдаат, но никогаш не ја признаваат својата вина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот