Пет јавни места на кои можете најмногу да се заразите со грип

Profimedia
Фото: Профимедиа

Зимата е веќе тука, од денска и официјално почна, постои и поголем ризик од заразување со грип или вирус.

Според податоците на Националниот институт за здравство (НИХ), вирусот на сезонски грип само во САД хоспитализира повеќе од 200.000 луѓе и убива повеќе од 36.000 луѓе годишно.

Вообичаените симптоми на грип вклучуваат треска, кашлица, замор, морници и болки во мускулите, а компликациите може да доведат до опасни по живот состојби како воспаление на белите дробови (пневмонија).

Додека минатите сезони на грип и пандемијата на ковид-19 нè научија како да останеме здрави и да водиме дополнителна гриажа за хигиената, како што е внимателно миење на рацете, сè уште има многу места каде што шансите за потенцијално да се заразите со вирусот се значително повисоки од другите.

Училишта и градинки

Училиштата и градинките се познати по циркулирачките болести, а ниту грипот не е исклучок. Близината и интеракцијата со учениците создаваат средина поволна за пренос на грип. Сите деца имаат заеднички играчки, многу групни активности, а во оваа возрасна група има многу бактерии.

Поттикнувањето на редовното миење на рацете, промовирањето на вакцинацијата и информирањето на заедницата за сузбивање на грипот се клучни чекори во заштитата на учениците и наставниците.

Јавен превоз

Без разлика дали сте во автобус, воз или такси, метежите и површините чувствителни на допир ја зголемуваат веројатноста дека ќе заболите од грип. Блискиот контакт со патниците и седењето на исти седишта без нивно чистење меѓу патниците значително го зголемува ризикот од инфекции.

Физичкото растојание кога е можно и употребата на средства за дезинфекција на рацете може да им помогне на патниците да го намалат ризикот од добивање грип.

Канцеларии и работни места

Не е тајна дека канцелариските простори и заедничките работни простории можат да бидат потенцијални жаришта за вируси и бактерии. Тесно соработувате со другите на работа, што значи дека сте во исти или во блиски простории и често споделувате простори како соби за состаноци и за паузи.

Редовното чистење на заедничките простории, пружањето на можности за работа на далечина кога тоа е можно и поттикнувањето на болните вработени да останат дома се клучни за создавање на работно место отпорно на грип.

Вежбални

Додека фитнес центрите и групните часови за вежбање се насочени кон промовирање на здрав начин на живот, тие исто така можат да ве изложат на грип. Заедничката опрема за вежбање и непосредната близина во текот на тренингот создава средина во која вирусот на грип може брзо да се шири.

Бришењето на опремата пред и по употреба и изборот на помалку метеж за тренинг може да ви помогне да ја одржите вашата фитнес рутина без да го загрозите здравјето.

Авион и аеродром

Додека патувањето на нови дестинации е возбудливо, аеродромите и авионите можат да бидат легло на вируси. Затворените простори и близината до сопатниците го зголемуваат ризикот од изложеност.

Практикувањето на добра хигиена на рацете, носењето маски и избегнувањето допирање на лицето може да ви помогне да ги намалите шансите да добиете грип додека патувате.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот