Пет деца се убиени од гром во Гвинеја

Пет деца, меѓу кои и 16-годишна бремена девојка, се убиени од гром во западноафриканската земја Гвинеја, соопшти локалната Влада.

Во „силното грмење” повредени се уште седум лица, се вели во соопштение на Министерството за безбедност и цивилна заштита на земјата.

Жртвите присуствувале на церемонијата на крштевање и биле на возраст меѓу 2 и 17 години, се додава во документот.

Министерството не даде дополнителни детали.

Церемониите за крштевање во Гвинеја често се одвиваат на отворено, под дрвја или на бреговите на езерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот