Песков за Путин: Иако не гледате солзи на неговото лице, тој премногу страда

Владимир Путин / Фото EPA-EFE/NATALIA KOLESNIKOVA / POOL

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков тврди дека претседателот на Русија, Владимир Путин многу страдал и бил потресен од терористичкиот напад во Москва.

„Шефот на државата е многу загрижен поради ваквите трагедии. Верувајте, дури и да не гледате солзи на неговото лице, не значи дека не страда. Малку е веројатно дека некој знае и разбира низ што поминува, вклучително и вие и јас“, рекол Песков.

Откако на 22 март вооружени напаѓачи убија 144 луѓе, ранија 551 и ја запалија концертната сала, одговорноста ја презеде џихадистичката група Исламска држава.

Путин зборуваше за тоа следниот ден, а во понеделникот само кажа дека напаѓачите се „радикални исламисти“, но руските власти ја обвинија Украина и нејзините западни сојузници дека помогнале во нападот, што Киев и неговите сојузници остро го негираа.

Минаната сабота, американски, европски и дипломати од африканските и латиноамериканските земји положија цвеќе на местото на нападот и оддадоа почит со едноминутно молчење, објави Риа Новости.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот