Песков: Путин се тестира на коронавирус колку што е потребно

Фото: dmitry astakhov / EPA

Песков забележа дека не е запознаен со процедурата на тестирањето на претседателот.

Рускиот претседател Владимир Путин се тестира на коронавирус онолку често колку што е потребно, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Се тестира онолку често колку што неговиот лекар смета дека е соодветно, кажа Песков денеска, одговарајќи на новинарски прашања, пренесе Тасс.

Песков забележа дека не е запознаен со процедурата на тестирањето на претседателот.

-Не се занимавам со прашања за лекарската нега на претседателот, додаде тој.

Портпаролот на Кремљ напомена дека одлуката на Путин да одржи состанок со неговиот пратеник во крајноисточниот федерален округ Јури Трутнев и министерот за развој на Далечниот Исток и Арктикот Александар Козлов во Кремљ не претставува прекршување на режимот на самоизолација.

-Да, тој вчера дојде во Кремљ, рече Песков, забележувајќи дека претседателот „ не посетува јавни места и не се среќава со голем број луѓе”.

„Се преземаат сите мерки на внимателност”, кажа уште Песков и додаде дека во случај претседателот да се состане со луѓе лице в лице, секој учесник на средбата претходно се тестира на Ковид-19.

Новинарите истакнаа дека Путин и натаму се ракува со лицата со кои се состанува.

-Претседателот се ракува со луѓето кои се внимателно проверени. Значи, во овој случај претседателот има право да го одбере начинот на кој ќе се поздрави, на кој е навикнат и за кој смета дека е соодветен”,  објасни портпаролот на Кремљ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот