ПЕСКОВ НЕГИРА: Не сме запознаени со германските тврдења за отровот „Новичок”

EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV / POOL

Кремљ не е запознат со заклучоците на германските власти дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални наводно е отруен со „Новичок”, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

– Таквите информации не ни се испратени – изјави Песков, пренесен од руските медиуми.

Германската Влада денеска ги потврди сомнежите дека врз основа на анализата на крвта на Навални има непобитни докази дека тој бил отруен од „Новичок”, нервен агенс произведен од Русија.

Германија: Навални отруен со нервниот гас „Новичок“, истата супстанца која беше најдена и кај Скрипал

Алексиј Навални, кој е најпознат опозиционер и критичар на рускиот претседател Владимир Путин, се лекува во болница во Берлин, откако на 20 август му се слоши на летот ос Сибир за Москва.

Тој се лекуваше во болница во Омск, а потоа е префрлен во Берлин, по што германските доктори потврдија дека постојат индиции дека е отровен.

Навални бил отруен со воен агенс сличен на „новичок“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот