Перез размислува да му врачи отказ на Анчелоти

Карло Анчелоти ќе биде во Лондон со „кралевите“ за дуелот со Челси/ фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Иднината на Карло Анчелоти во Реал Мадрид е неизвесна бидејќи претседателот Флорентино Перез размислува да му врачи отказ пишува каталонскиот весник „Спорт“.

Наводно, во Реал се разочарани од прикажаната игра на првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите против ПСЖ, кога фудбалерите на „кралскиот клуб“ не упатија ниту еден шут кон голот на Џанлуиџи Донарума.

Поради тоа, Перез размислува да му врачи отказ на Анчелоти на крајот од сезоната бидејќи смета дека Италијанецот не е иделна личност за идниот проект на клубот.

Претседателот на Реал Мадрид планира иднината на клубот да ја гради на двајцата најдобри млади напаѓачи, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд кои треба на лето да пристигнат на „Сантијаго Бернабеу“ и поради тоа сака на клупата да види друг тренер.

„Спорт“ пишува дека седнувањето на Анчелоти на клупата на Реал минатото лето било изнудено решение бидејќи желбата на Перез била или Антонио Конте или Маурисио Покетино да ја предводат екипата, но не успеа во својата намера и поради тоа од Евертон го донесе Карло Анчелоти со кого потпиша договор со 2024 година.

Карло Анчелоти во првиот мандат на клупата на Реал Мадрид седеше од 2013 до 2015 година и освои една титула во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот