Перез и помага на Барселона, поради Мбапе се откажува од Халанд

Ерлинг Халанд е чекор поблиску до Барселона/ фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Реал Мадрид наводно се повлекува од трката за трансфер на Ерлинг Халанд на лето. ЕСПН открива дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ќе се откаже од идејата да го донесе Халанд на „Сантијаго Бернабеу“ и нема ништо против одличниот напаѓач да ја засили Барселона.

Причината за овој потег е јасна, негов главен приоритет е Килијан Мбапе со кого е завршена речиси целата работа, а исто така е свесен дека ривалитетот помеѓу двајцата најдобри млади напаѓачи може да биде како тој помеѓу Меси и Роналдо со што повторно би го вратил шпанскиот фудбал во центарот на светската фудбалска јавност.

Перез исто така не сака не влегува во лицитација за Халанд која највеќе му одговара на агентот на фудбалерот, Мино Рајола чија главна цел е да извлече што поголема провизија за себе.
На лето откупната клаузула за Халанд ќе изнесува 75 милиони евра, но Рајола во разговор со неколку заинтересирани екипи им порача дека ќе бара и 50 милиони евра провизија за него и таткото на фудбалерот, Алф-Инге Халанд.

Медиуми кои се блиски до Реал Мадрид како „Ас“ пишуваат дека Реаал повеќе не го гледа Халанд како приоритет бидејќи планираат новото напаѓачко трио да биде Мбапе, Бензема и Винисиус Жуниор.

Со откажувањето на Реал Мадрид, најголем фаворит за потпис со Ерлинг Халанд е Барселона, а сериозен интерес пројавува и Манчестер сити. Наводно, Халанд сака кариерата да ја продолжи во Шпанија, но Барселона ќе мора да најде пари и да продаде неколку фудбалери пред да влезе во трката по одличниот напаѓач.

Долговите на Барселона изнесуваат 1.5 милијарди евра, но има најави дека во наредниот период ќе биде потпишан договор за позајмица со неименуван инвестициски фонд со што клубот би добил средства за да го реализира трансферот на Халанд и да намали поголем дел од долговите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот