Пеп Гвардиола: Халанд ја заслужува „Златната топка“

фото: EPA-EFE/PANAGIOTIS MOSCHANDREOU

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола денеска изјави дека Ерлинг Халанд заслужува да ја освои „Златната топка“ оваа година, за најдобар играч во 2023 година.

Норвешкиот напаѓач оваа година постигна 52 гола на 53 натпревари за да му помогне на Сити да ја освои тројната круна и е еден од 30-те кандидати за освојување на „Златната топка“, која ќе биде доделена на 30 октомври.

– Халанд би требало да ја освои – да. Ја освоивме тројната круна, а тој постигна „50 милиони голови“ – вели Гвардиола, а пренесува „Би-Би-Си“.

Најголем фаворит за освојување на „Златната топка“ е Лионел Меси од Интер Мајами. Аргентинецот е рекордер со седум престижни награди и беше еден од најзаслужните за освојувањето на Светското првенство во декември минатата година со репрезентацијата, додека беше играч на Пари Сен Жермен.

Гвардиола, кој своевремено беше тренер на Меси во Барселона, смета дека 36-годишниот фудбалер заслужува своја категорија.

– „Златната топка“ мора да биде во два дела. Една за Меси, а друга за останатите. Најлошата сезона за Меси е најдобра за другите – изјави Гвардиола.

Халанд сезонава постигна осум гола на 12 натпревари, а последен пат постигна на 23 септември во победата против Нотингем форест (2:0). Сити ги загуби последните два натпревари во Премиер лигата, против Вулверхемптон и Арсенал и е трет на табелата со два бода помалку од водечките Тотенхем и Арсенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот