Пентагон со години ја криеше тајната програма за истражување на НЛО, а наскоро ќе ги објави новите откритија

Фото: МИА

Вашингтон со години има тајна единица за истражување на неидентификувани летачки објекти (НЛО), а наскоро ќе го објави тоа што го откриле. Според неодамнешен извештај на „Њујорк Тајмс“, Пентагон веќе 10 години наназад анализира различни средби меѓу пилоти на американската воена авијација и неидентификувани летала.

Иако главниот штаб на Министерството за одбрана на САД неодамна објави дека тајната програма е распуштена, извештајот на одборот на Сенатот од минатиот месец откри потрошувачка на извесна сума на пари на програма која се вика „Неидентификуван воздушен феномен“. На крајот на јуни било објавено дека американскиот сенатор Марко Рубио побарал детална анализа на откривањата на работната група.

Во извештајот се наведува дека одборот ги подржува напорите на работната група за собирање на податоци за „неидентификуван воздушен феномен, како и нивните врски со странските влади и потенцијални закани“.

Сега се очекува тајната работна група да ги објави новите откритија кои би можеле да ги опфаќаат леталата направени од материјали кои не се од оваа планета, пренесува Њујорк тајмс.

Иако Пентагон тврдеше дека ја распуштиле својата тајна програма уште во 2012 година, изгледа дека програмата е само преместена и преименувана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот