Пендаровски: Употребата на новото име ќе биде на чекање додека почнат преговорите со ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за грчката „Алфа“ телевизија објаснува дека она што ќе биде на чекање сѐ додека не почнат пристапните преговори со ЕУ е делот што се однесува на внатрешната и надворешната коресподенција и употребата на новото име.

– Говорејќи за целиот пакет, веќе го имплементиравме новото име во внатрешноста и би можел да кажам дека тоа за нас беше најтешкиот дел од Договорот од Преспа – истакнува Пендаровски.

Тој посочува дека за неколку месеци земјава ќе влезе во НАТО и тоа е благодарение на Договорот од Преспа.

–  За луѓето што и тука и таму се скептични, да повторам уште еднаш, Договорот од Преспа беше главна причина зошто државите членки на Северно-атлантската алијанса рекоа „да“ за наше членство. Ако не во ноември или во декември, тогаш сигурно во првите четири месеци од 2020 ќе бидеме полноправна членка на НАТО алијансата и тоа е директен производ од Договорот од Преспа – додава претседателот во интервјуто за грчката телевизија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот