Пелистер остана без купот, Феникс ќе игра историско финале!

Фото: КФСМ

Тимот на Феникс е вториот финалист во Купот на Македонија откако денес славеа победа против Пелистер со 86:79 и испишаа клупска историја со тоа што првпат ќе играат едно финале.

Трајковски и Хот беа лидери на тимот со 18 постигнати поени, двајцата остварија дабл-дабл со 13, односно 10 скока. Митревски оствари дабл-дабл од 16 поени и 10 асистенции. Во редовите на Пелистер Хаџифејзовиќ постигна 25 поени.

Одлично одработена прва четвртина на кошаркарите на Феникс 2010. Комплетно добро одигра стартната петорка, а во преден план беше ефектот на Амар Хот, кој за седум минути, оние почетните, веќе имаше ефект од 11 поени (пет од пет, во обидите вредни по два поени) и седум скока.

Најава за ефикасни десет минути во кои Феникс 2010 обезбеди сосема солидни, дури и високи (26:17).

Влегувањето на Димчевски донесе дополнителна енергија во екипата на Денис Дервишевиќ. Пет поени без одговор од противникот, ги донесоа до уште повисика позитива, (31:17). Не се задоволија со тоа, дојдоа во поубедлива предност (37:21).

Но репрезентативецот Бобан Стајиќ „спои“ два точни обиди за три поени, доволно за да иницира серија од (11-0) по која Пелистер се врати на едноцифрен минус (32:37).

Амар Хот беше човекот за прекин серијата на битолчани. И тој даде две тројки, за враќање на сигурното водство, (43:32). Но и „зелените“ имаа свои офанзивни орудија.

Едно од нив беше Сеад Хаџифејзовиќ, за негова серија, од осум поени, по што Пелистер имаше минус од само три поени, (40:43). Потоа и (44:45) пред Митревски да погоди пред звукот на сирената, со својот 11 поне, постави (47:44), резултат со кој се замина на голем одмор.

Оние 15. минути предвидени за тоа не променија ништо во играта на двете екипи. Напротив, во продолжението беше максимално израмнето. За разлика од првиот дел, ниту еден од двата полуфиналисти не успеваше да креира некоја посериозна предност.

На истекот на третиот квартал, тројката на Димчевски, сепак го одвои Феникс на три поени вишок (66:63).

Ја чуваа, условно кажано, домаќините таа предност и во оној последен дел од играта. Имаа позитива од пет поени (79:74), кога Димчевски погоди уште еднаш од зад линијата 6.75 метри. Потоа беше и (81:76), при влегувањето во последните две минути од второто Куп-полуфинале.

Потегот на вечерта го имаше Ивица Димчевски. Погоди искусниот бек-шутер нова тројка, овојпат за (84:78), но останаа само уште 60 секунди до крајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот