Пеколното темпо во Лигата на нации го зеде данокот, Елмас и Трајковски повредени

Елмас заработи повреда на дуелот со Грузија/фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва доживеа убедлив пораз од 0:3 од Грузија, а пеколниот ритам во Лигата на нации од четири натпревари за десет дена го зеде данокот, стандардните Елиф Елмас и Александар Трајковски заработија повреди.

Селекторот Благоја Милевски смета дека распоредот е нехуман бидејќи тешко може да се издржи да се одиграат четири натпревари за десет дена и тоа веднаш откако заврши сезоната во европските лиги.

– Елмас се пожали на болка во препоните, исто и со Трајковски. Милан Ристовски морав да го заменам поради истоштеност, сакав и Барди да го заменат, но тој одби и сакаше да го доигра натпреварот. Не е хумано да се играат четири натпревари за десет дена, невозможно е во овој период да останете во натпреварувачка форма. Јас не можам ништо да им замерам на фудбалерите, зашто тоа се истите кои ја победија Ерменија со 5:0, како и Италија со 1:0. Само се надевам дека после ова сите ќе се здрави, дека ништо нема да биде сериозно, бидејќи зашто ќе ги чекаат подоготовки за новата сезона – рече Милевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот