Пекевски: Во Берово нема заразени од Ковид-19, редовна дезинфекција во општината

Иако нема ниту еден заразен на подрачјето на општина Берово од Ковид 19, граѓаните се крајно одговорни во поглед на почитувањето на мерките, вели беровскиот градоначалник Звонко Пекевски.

Тој во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, изјави дека мерките на локално ниво се преземни навремено.

-На подрачјето на општина Берово нема заразени од Ковид 19. Ценам дека граѓаните се крајно одговорни, ги почитуваат мерките од Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија и на тој начин ја одржуваме состојбата. На 17.03 направено е кризно тело, но мерките се преземени уште порано во март. Сите населени места се опфатени од мерките, односно се прави редовно дезинфекција, за да можеме да стопираме било какво ширење на вирусот, изјави Пекевски.

Тој упати молба и граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките и полицискиот час се и да не подлегнат на нервоза со оглед на новиот, подолг карантин, особено за време на викендот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот