Пејачката Теа Трајковска го победи Ковид-19: Последниов месец беше вистински ролеркостер во секоја смисла!

Instagram

Битката со коронавирусот ја доби и младата пејачка Теа Трајковска. Таа синоќа на својот профил на Инстаграм со своите следбеници го сподели горкото искуство со овој вирус.

Instagram

Нејзиното искуство со коронавирусот, ќе го споделиме во целост, еве што напиша таа:

„Се мислев дали воопшто да го споделам ова тука, ама сметам дека е важно да се биде искрен и дека такa треба да се користат ваквите платформи, а не селективно прикажување на симпатичните, романтичните и инстаграм-естетските животни моменти.

Последниов месец беше real-life ролеркостер во секоја смисла.

Денес, благодарна сум што сме сите на број, благодарна сум што не заразив никого бидејќи се изолиравме неколку дена порано и благодарна сум што поминавме низ ова без поголеми последици.

Ситуацијата е пререална, никој од моите блиски кои иницијално се заразија не знаат од каде/кого и покрај придржувањето до мерките и внимавањето и што е најчудно дел од нас бевме негативни на првиот тест.

Чувајте се и заштитете ги повозрасните околу вас“ – напиша Трајковска на својот профил на Инстаграм.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот