Патопис на Американец кој го посетил Иран: „Сфатив дека имаме една заедничка работа со нив“

Фото: Профимедиа

Еден потполно искрен патопис кој најдобро ги опишува разликите меѓи САД и Иран, но и фактот дека едните за другите не знаат речиси ништо.

Американскиот новинар Тед Рал, пред девет години бил еден од ретките Американци кои успеале да стапнат на тлото на Иран. Тој со својот патопис разбива многу стереотипи и предрасуди за оваа земја. Неговиот текст целосно го пренесе српски „Телеграф“.

Војната главно се должи на културните разлики и недоразбирања. Убиството на генералот Касем Сулејмани не беше пријатно ниту за жителите на Америка кои знаат дека си додаваат уште еден непријател на листата на војни кои не може да се победат на Блискиот исток. Меѓутоа, никој од нив всушност ништо не знае за Иран.

Ништо не е поточно од вистината. Ниту еден народ на светот не е ниту слично темпераментен во тој поглед и посличен на Американците од Иранците. Секако, нивната вера е различна. И нивниот јазик е различен. Но, ние новинарите од двете страни сме многу послични отколку што мислиме.

Најголемиот проблем лежи во тоа што мал број на Американци воопшто биле во Иран. Недостатокот на дипломатски односи од Исламската револуција во 1979 година и заложничката криза која го урна претседателот Џими Картер, во комбинација со економските санкции кои ги загрижуваат американските авиокомпании да летаат во оваа земја, сепак не го направија Иран потполно недостапен за луѓето од Америка кои навистина сакаат да го посетат и запознаат.

Еве јас, на пример, станав експерт за Иран. Можеби сега малку е неприкладно да ги поделам своите впечатоци од ова патување од пред девет години, но ќе го направам тоа.

Како што реков, не беше лесно да се стигне до Иран. Неколку пати ја посетив институцијата што е најблиску до ирански конзулат во Њујорк, па Обединетите нации и платив такса од 5.700 долари (некои би го нарекле тоа подмитување) на агенција во Вашингтон која преку пакистанската амбасада обезбеди визи за мене и за моите сопатници.

Главната причина за патувањето беше минувањето низ Авганистан поради книгата која ја пишував во тоа време. Бидејќи нашиот план се завршуваше во авганистанскиот Херат кој е уништен од војна, но и на границата со Иран, сакавме да ја посетиме оваа земја за малку да се одмориме.

Можете ли да замислите колку „лудо“ им звучело тоа на цариниците на авганистанската граница кои не поздравија откако ја поминавме границата со Таџикистан.

– Влегување или излегување – праша.

Ние рековме „Иран“, а тогаш тој се насмевна.

– Па вие сте Американци. Нема шанси – одговори.

Кога им ги покажа иранските визи на своите колеги, тие не можеа да поверуваат.

– Како воопшто стигнавте дотука? – сакаа да знаат.

Неколку недели подоцна, ја преминавме границата меѓу северозападен Авганистан и североисточен Иран. Се изгледаше неверојатно едноставно. Чекавме такси која се појавија три ирански агенти кои не пренесоа во соба за испрашување. Таму бевме со часови. Пред да не пуштат, еден од нив ме запраша дали знам зошто толку детално не испрашуваат. Навистина немав поима.

– Вие тројца сте првите Американци кои ја поминале оваа граница уште од 1979 година – ми одоговори.

Искрено, не знам дали тоа беше точно, но факт беше дека тука сме „ретка врста“.

Првата работа која пријатно ме изненади, особено во споредба со Авганистан, е тоа колку всушност Иран е модерен.

Американците имаат впечаток дека целиот Блиски исток е пустинска руина и пустина, но Иран ми личеше како Турција или Израел по поглед на инфраструктурата.

Втората работа која ме шокираше е колку сите се љубезни, па дури и кога ќе слушнат дека сме Американци.

Според условите на владата, моравме да имаме туристички водич со кој веднаш се сретнавме. Беше супер човек, иако сакаше да извлекува пари од нас. Не смести во хотел со две ѕвездички иако му плативме за хотел со четири.

Од почетокот, Иран не беше она што очекував. Жените цело време флертуваа со нас. На рецепцијата веднаш не испрашуваа за нашите долги бради кои ги пуштивме за подобро да се вклопиме во Авганистан.

– Дали твоите пријатели се фанатици? Дали можеби ќе сакаат да ја поминат ноќта со нас? – го прашаа нашиот водич.

Со брадите имавме и соодветна гардероба која ја носат конзервативните Авганистанци.

Водичот не соведуваше да се правиме дека никого не разбираме кога се најдовме во еден верски објект, во кој доаѓаат муслимани од целиот свет.

Уште една работа пријатно ме изненади. Во нашиот хотел во Техеран имаше пар од Европа, кој на рецепционерката се жалеше дека боле ограбени и останале без 1.200 евра. Рецепционерката цело време им велеше да ја пријават кражбата во полиција, но Европјаните не беа сигурни.

Следниот ден ги сретнав пред лифтот.

– Нема да верувате што се случи – ми рече жената – Отидовме во полиција и веднаш ни исплатија 1.200 евра – рече таа.

Всушност, во Иран постои закон кој ги заштитува туристите, па ако некој ви украде пари, државата е должна тоа да ви го надокнади. Иранците, од друга страна, беа шокирани што тоа не е така на Западот.

Од Техеран отпатувавме за Истанбул. На последното чекирање на аеродромот, обезбедувањето ни нареди да го симнеме багажот од лентата која води до рендгенот.

Си помислив дека ќе не заджат.

– Вие сте гости во нашата земја. Би било непристојно да ви го пребаруваме багажот – ми рече еден од нив.

Но, како – зар ние не сме Американци, потомците на Големата Сотона?

Не е дека немаше некое чудно чувство.

Секогаш се чувствуваше тензијата која доаѓа со фактот дека кршењето на закон може да има сериозни последици. Ние затоа слепо ги следевме правилата. Поголемиот дел од жителите на Иран ги почитуваа, а имаше и жени кои не беа строго покриени.

Во моментот кога авионот полета од Техеран, многу жени ги извадија своите марами и ги открија своите привлечни комбинации и шминката. Луѓето се смееја, а стујардесите почнаа да служат алкохол.

Така би изгледал и Иран, доколку владата во земјата, која кај граѓаните воопшто не е популарна, нема толку ригорозни правила.

И покрај последните акции на Трамп, лично мислам дека не е извесно оти во брзо време некако може да се промени регилиската власт. Но, и фактот дека Американците и понатаму ништо не знаат за Иран, завршува новинарот Тед Рал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот