Патиките на Ким Кардашијан станаа вирален хит, но и предмет за потсмев: Ги дизајнирал Канје Вест! (ФОТО)

Profimedia

Ким Кардашијан се фотографирала во Јапонија пред една традиционална куќа заедно со ќерката Чикаго.

Иако намерата ѝ била да го документира патувањето со својата слатка ќеркичка, нејзиниот моден аутфит го привлече вниманието на нејзините бројни следбеници на Инстаграм.

Тие не можеа да не го забележат футуристичкиот дизајн на чевлите што ги носела. Наместо симпатичен спомен од патувањето, Ким Кардашијан Вест станала уште еднаш предмет на задевање на социјалните мрежи, а нејзините необични обувки вирален хит.

Се работи за чевлите што ги дизајнирал нејзиниот сопруг Канје Вест – чевли од пена за трчање, а во комбинација со нив облекла сребрени панталони – светликави и впечатливи како одело од алуминиум.

Чевлите се претставени пред неколку месеци и опишани се како комбинација на патики на навлекување и кломпи. Бидејќи се со мрежеста структура, заработиле мноштво зајадливи коментари дека изгледаат како кацига за велосипедисти или цедалка за тестенини.

Погледнете ги.

View this post on Instagram

Chicago in Tokyo

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот