Папата Франциско и Гутереш апелираат за нуклеарно разоружување и верска толеранција

Поглаварот Римокатоличката црква Папата Франциско и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, апелираа денеска за нуклеарно разоружување, заштита на животната средина и верска толеранција.

Папата и Гутереш разговараа околу 40 минути во библиотеката на папата.

Поглаварот на Римокатоличката црква го осуди нуклеарното оружје, повторувајќи го ставот дека поседување нуклеарно оружје е неморално, а Гутереш ги пофали напорите на папата за разоружување.

Генералниот секретар на ОН ги повика државите да се заложат за постигнување неутралност на јаглерод од 2050 година „во согласност со она што ни го кажува научната заедница дека е неопходно за да се спаси планетата”.

И двајцата зборуваа за потребата од меѓуверски дијалог и го осудија концептот на насилство во името на Бога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот