ПАПАТА ФРАНЦИСК УГОСТИ 1.500 БЕЗДОМНИЦИ: Приреди ручек во Ватикан и испрати СИЛНА порака (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Поглаварот на Римокатоличката црква, Франциск, угостил околу 1.500 сиромашни луѓе и бездомници на ручек во Ватикан во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на сиромашните.

Пред ручекот, во текот на мисата на Плоштадот Свети Петар, папата Франциск ја критикувал незаинтересираноста на општеството за сиромашните, како и опседнатоста со „моменталното“ постигнување на целите, пренесува Франс прес.

“Ние забрзано го следиме својот пат, и не се грижиме што јазот се зголемува, што алчноста на неколкумина ја отежнува бедата меѓу повеќето”, рекол Франциск.

Тој кажал дека сите кои се во подобра имотна состојба не би требало да се чувствуваат непријатно поради сиромашните, туку би требало да им помогнат колку што можат повеќе.

Папата потоа им се придружил на сиромашните и бездомниците на ручекот во големата ватиканска сала, по повод Светскиот ден на сиромашните.

Фото: Профимедиа

На менито имало лазања, пилешко со сос од печурки и компир, десерт, овошје и кафе.

Десетина волонтери помагале во носењето на сиромашните во Ватикан и служењето на ручекот.

Папата се заблагодарил на медицинскиот тим кој пружа бесплатна здравствена заштита за сиромашните во Ватикан.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот