Паника во Италија дека меѓу учениците се шири британскиот сој на коронавирусот

Луѓе пешачат во Рим, Италија, 21 демекври 2020?Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Во еден ден во Италија 391 лице почина од ковид 19, а меѓу 292.500 тестирани откриени се 15.000 новозаразени, пренесува агенцијата Анса.

Поради ширење на заразата меѓу учениците и наставниот кадар во нњколку региони Умбрија, Тоскана и Абурц прекината е наставата за учениците. Први такви случаи на зараза забележани се во една миланска општина во Ломбардија, каде се откриени 59 заразени ученици и наставници во едно училиште.

Забележано е дека учениците повеќе се разболуваат од англискиот сој на вирусоот, иако според твдењата на епидемиологот Масимо Гали, примариус на миланската болница Сако не постојат докази дека англискиот сој побрзо се пренесува меѓу младите.

Во периодот межу владата во оставка и новата која уште не е формирана претседателите на италијанските региони одлучија да остане на сила забраната меѓурегионалниот сообраќај.

Ваква одлука на владата во оставка има до средината на месецот, но според се новата влада нема да се формира пред тоа за да може одлуката да се укине. Здравствените стручњаци тврдат дека епидемиолошката ситуација во Италија уште не е таква за да може без ризик на ширење на епидемијата да се отвори сообраѓајот меѓу регионите.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот