ПАНИКА ПОРАДИ АПЛИКАЦИЈА НА ФЕЈСБУК: Доволно е да ја свртите камерата кон некого за на екранот да ви се појави нивниот профил

Фото: Профимедиа

Апликацијата на Фејсбук за препознавање на лица предизвика страв и шок во јавноста, но компанијата тврди дека таа е наменета само за членовите на оваа социјална мрежа, јавуваат светските медиуми.

Во јавноста протекоа информации дека е доволно само да се сврти камерата кон некое лице и веднаш на екранот се појавува нејзиното име, презиме и профилна фотографија на Фејсбук.

Како што пренесува „Форбс“, станува збор за застрашувачка апликација која ја развила компанијата на Марк Закерберг.

Станува збор за апликацијата за препознавање на лица, но не во смисла на препознавање на корисниците кои на тој начин, на пример, би можеле да си го отклучат сопствениот телефон, туку за препознавање на лицата на други Фејсбук корисници.

Оваа опција може да ја уништи и така веќе малата приватност на интернет, а развиена е така што се применува на лица кои ја имаат активирано опцијата за препознавање на лица на Фејсбук.

Како што предупредуваат медиумите ширум светот, ова е само уште еден доказ за тоа колку е опасно споделувањето на лични информации и фотографии на интернет, бидејќи, кога би постоеле повеќе апликации како оваа за препознавање на луѓе, секој би можел да знае нечие име и да ги има неговите податоци штом ќе го здогледа на улица.

Фејсбук почна да ја развива оваа апликација во 2015 и 2016 година, а била тестирана на вработените во компанијата и нивните пријатели.

Од компанијата ја негираат моќта на оваа апликација.

Управата на Фејсбук, тврди дека редовно интерно ги тестираат новите технологии, односно дека со апликацијата за препознавање на лица можат да се препознаат само нивните вработени и пријатели со активирана опција за препознавање на лица, но не и други личности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот