Пандемијата го процвета канабисот во Холандија: Немаат што да прават, па пушат

Тие биле приведени во Полициска станица Битола и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Продажбата на канабис во Холандија достигна рекордно ниво, главно како последица на честите изолации како мерки против ширењето на ковид-19.

– Пандемијата е добра за нас. Единствените што се среќни од мерките се угостителските објекти што продаваат марихуана – вели за Франс прес Кармелита, сопственичка на кофишопот „Но лимит“ во Хаг. Таа објаснува дека пред пандемијата во кофишопот имало по 350 купувачи на ден, а сега ги има по близу 500.

Кога лани во март во Холандија беше воведено првото ограничување за движење, лицата што користат марихуана панично тргнале во „кофишоповите“ – продавниците со лиценца да продаваат канабис. Но, поради можноста да продаваат канабис „за носење“, воопшто не се намалил бизнисот на кофишоповите, за разлика од рестораните и ноќните клубови, кои останале затворени.

– Порано луѓето одеа во дискотеки, а сега, кога сѐ е затворено, остануваат дома и пушат повеќе – вели сопственичката на „Но лимит“, еден од триесетте кофишопови низ Хаг.

Студија на Институтот Тримбос за истражувања за ментално здравје и зависности покажува дека 90 отсто од холандските корисници на канабис пушат марихуана подеднакво или повеќе во споредба со времето пред пандемијата.

– Тоа не е поради желбата да се препушат за да побегнат од реалноста. Повеќе е начин на луѓето да се носат со секојдневните тегоби – вели историчарот Стивен Снелдерс од Универзитетот на Утрехт.

Абдел Санхаџи, претседател на здружението на хашки трговци со канабис, изрази надеж дека пандемијата ќе поттикне и измени во законските одредби за да биде надминат парадоксот – продажбата и конзумирањето марихуана во Холандија се легални, но незаконски се одгледувањето и трговијата на големо.

– Сѐ што правиме е илегално, освен што плаќаме данок – објаснува Кармелита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот