Панарити: Македонија не беше заложник на Брисел, беше казнета со бугарското вето

Фото: Screenshot/YouTube

Поранешниот министер за надворешни работи на Албанија, Едмонд Панарити, оценува дека желба на Брисел е Македонија и Албанија да одат заедно на своето евроатлантско патување, но, според него, и покрај оваа желба, на Албанија и треба уште многу работа за отворање на преговори со ЕУ.

„И покрај фактот дека ова може да биде желба и цел на Брисел, не верувам дека двете земји одат како заеднички пакет на патот на европската интеграција. На Албанија сe уште и треба многу работа за да ги исполни условите за отворање на преговорите со ЕУ синтетизирани во 12-те услови поставени од германскиот парламент (Бундестаг). Априлските парламентарни избори ќе бидат клучни. Северна Македонија, од друга страна, не беше заложник под никакви услови од Брисел и ќе ги отпочнеше преговорите со ЕУ, но за жал беше казнета со бугарското вето за билатерални културни прашања. Северна Македонија повторно влезе во магичниот циклус на вето, што за волја на вистината не е новина за Балканот. Доволно е да се спомене искушението на застојот на Грција на патот кон ЕУ и НАТО од 1991 до 2019 година или застојот што Словенија и го донесе на Хрватска во процесот на членство во ЕУ. Или блокадата што Хрватска и ја направи на Србија во 2016 година по прашањето на малцинствата, или блокадата што Србија ја прави на меѓународното признавање на Косово и дијалогот меѓу двете земји”, изјави Панарити за „Слободен Печат“.

Од оваа причина, додава тој, ЕУ треба сериозно да ги сфати балканските блокади и ветото на земјите едни против други и да не ги третира надвор од критериумите за интеграција на земјите од регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот