Палестинец кој спаси полицаец се присетува на теророт во Виена

Осама Јода (23), преселен во Австрија пред осум години, за агенцијата „Анадолу“ опиша како го ризикувал својот живот за да му помогне на полицаецот што беше застрелан од вооружен напаѓач во центарот на Виена. Тој работел во ресторан за брза храна на плоштадот „Шведенплац“ кога се случил инцидентот.

Кога тој и неговиот пријател слушнале истрели, вели Јода, се обиделе да стигнат на безбедно место, но откако терористот многу им се доближил, се скрил зад едно дрво.

„Го видов напаѓачот зад дрвото и се обидов да разговарам со него на арапски јазик. Му реков дека сум Палестинец и муслиман, но тој не ме послуша и продолжи да пука. Тој испука најмалку 20 куршуми.“

Кратко потоа пристигнале двајца полицајци и терористот се скрил. Јода раскажува дека полицајците не биле подготвени, па напаѓачот пукал во еден од нив пред тие да се снајдат. „Полицискиот службеник падна на земја и сериозно крвареше. Во тој момент сакав да му помогнам на повредениот полицаец со тоа што ќе се покажев зад дрвото каде што се криев, но другиот службеник ми рече да одам на безбедно место“, се сеќава тој.

Свеќи и цвеќе на местото на терористичкиот напад во центарот на Виена. Австрија каде вечерта на 2 ноември 2020 беа убиени 4 лица, 17 беа повредени/ Фото: EPA-EFE/FLORIAN WIESER

Јода рече дека тој сепак му помогнал на ранетиот да се премести на клупа и му пружил прва помош.

Подоцна пристигнала брза помош, но болничарите биле во шок и не можеле да му пријдат на повредениот полицаец. Во тој момент две турски момчиња притрчале на местото и го однеле повредениот полицаец во брзата помош. Виенската полиција јавно му се заблагодари на Јода, доделувајќи му почесен медал. „Јас сум палестински муслиман, а и двајцата Турци кои дојдоа да ѝ помогнат на полицијата беа муслимани. Горди сме на она што го сторивме“, вели тој. „Теророт нема религија. Ова не е ислам; ние не учевме таква религија од нашиот пророк и нашето семејство не нè научи на таква религија.“ Палестинскиот претседател Махмуд Абас и градоначалникот на Виена, Мајкл Лудвиг, му се заблагодарија на Јода за помошта.

Најмалку четири лица загинаа, а уште 17 беа ранети во терористичкиот напад што ја шокираше Австрија.

Напишано од Хандан Казанџи

Преземено од Анадолу Агенција од Анкара

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот