Палестинците повторно на протест на границата меѓу Газа и Израел

Фото: Илустрација/EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Илјадници Палестинци по тринеделна пауза повторно се собраа на протест долж израелската гранична ограда поставена на границата со појасот Газа, пренесуваат медиумите.

Министерството за здравство на оваа палестинска територија соопшти дека четири лица се ранети со израелска боева муниција за време на демонстрациите на неколку локации во близина на границата.

Исламскиот екстремистички Хамас кој владее во Газа ги прекина протестите кои се одржуваа еднаш неделно уште од крајот на март минатата година, по краткотрајниот прекуграничен судир со израелската војска. Овој судир беше предизвикан од целниот напад на командирот на помалата, но значително порадикална организација Исламски џихад.

Демонстрациите денес се обновени, додека лидерите на Хамас и Исламски џихад во Каиро преговараат со екипетските посредници за воспоставување на прекин на огнот со Израел, со надеж да се ублажи израелската блокада врз појасот Газа која трае веќе 12 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот