ПАДНА МЕЃУНАРОДНА КРИМИНАЛНА ГРУПА: Уапсени над 30 лица, со специјални бункери превезувале хероин, кокаин и марихуана низ Европа

Во заедничка акција на полицијата и обвинителствата на Србија, Австрија, Чешка и Словачка, во Белград се уапсени седум лица, членови на организирана меѓународна криминална група, поради сомнение дека произведувале и пуштале во промет опојни дроги, пренесува курир.рс.

Во повеќемесечна акција на заеднички тимови на полицијата и обвинителствата на Србија, Австрија, Чешка и Словачка, на територијата на овие земји во претходниот период вкупно биле уапсени 31. лице., кои се српски државјани, а биле откриени нелегални лаборатории за производство на марихуана во вештачки услови и била запленета огромна количина на наркотици.

Вкупно биле запленети повеќе од 105 килограми матихуана, 1.4 килограми хероин, 3.5 килограми кокаин, 12,5 килограми парацетамол, 61.000 евра, како и поголема количина на опрема за нелегалните лаборатории.

Според пишувањата на српските медиуми, криминалната група оваа дрога ја продавала насекаде ширум Европа и тоа со помош на „курири“, кои во возила ги превезувале наркотиците во специјално изработени бункери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот