Пад на цената на златото за првпат по девет недели

Вредноста на злато денеска првпат по деветнеделниот раст забележа пад на њујоршката берза „Комекс”.

Цената на златото за испорака во октомври се намали за 0,25 проценти или за 4,95 долари и се тргуваше за 1.965,45 долари за унца.

Вредноста на златото минатиот петок забележа историски рекорд од 2.089,2 долари за унца.

И цената на среброто за испорака во септември е намалена за еден отсто и се тргуваше за 22,442 долари за унца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот