Пабовите, баровите и рестораните со скратено работно време во Англија

epa08579025 People at a bar in Brixton, London, Britain, 01 August 2020. As the number of Coronavirus cases increases in England, the government may have to consider closing bars and pubs to control the transmission of the virus, says government advisor Graham Medley. EPA-EFE/ANDY RAIN

Обединетото Кралство вчера го крена степенот на предупредување со кој го мери ширењето на епидемијата на коронавирус и одлучи пабовите и рестораните да работат пократко поради заканата од втор бран што може да убива и по повеќе од 200 луѓе на ден без „да го промени правецот”.

Во изјавата што денеска во парламентот треба да ја даде премиеерот Борис Џонсон „ќе се потврди дека, почнувајќи од четврток, пабовите, баровите и рестораните во Англија ќе мора да се затворат во 22 часот”, се наведува во синоќешното соопштение од Даунинг стрит.

Воедно, бројот на луѓе во овие објекти треба да се намали бидејќи во иднина ќе биде дозволено „само служење на маса”, ќе соопшти Џонсон на денешната утринска кризна седница на британската Влада.

Овие ограничувања доаѓаат во време кога раководителите на здравствени служби на четирите британски земји го зголемија нивото на тревога за вирусот од Трет на Четврти степен, што одговара на „покачено или експоненцијално зголемување на степенот на пренесување”.

Во Обединетото Кралство, најтешко погодената земја во Европа со речиси 42.000 смртни случаи,  во моментов „на секои седум дена има двојно зголемување на бројот на заразени”, предупреди синоќа владиниот советник Патрик Валанс во изјава за телевизијата.

Ако овој тренд продолжи „до средината на октомври ќе имаме по 50.000 заразени дневно”, додека според проценките сега имаме околу 6.000,  а тоа може да доведе и до „200 смртни случаи дневно, па дури и повеќе кон средината на ноември”, додаде тој.

-Ако не го смениме правецот, вирусот ќе се прошири. Ние сега сме токму на тој пат, рече професорот Крис Вити, главен британски епидемиолог.

Новите мерки, што денеска ќе ги објави Борис Џонсон, ќе важат само за Англија, бидејќи секоја британска земја ќе одлучи самата за коронавирусот. Но, Даунинг стрит соопшти дека премиерот вчера телефонски разговарал со шкотскиот, велшкиот и северноирскиот премиер  и дека „се согласиле, доколку тоа е можно, деновиве да заземат единствен став “.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот