Овие сестри заработуваат милиони продавајќи селотејп за подигнување на градите

Фотографија: Instagram

Бијанка и Бриџет Рокисано од Австралија, имале огромен проблем да пронајдат градник кој им одговара поради големите гради. Поради таа причина тие дошле до идеата да го направат „Body Tape“, кој ги подигнува градите и држи на место.

Сестрите откриле дека инспирација им била Ким Кардашијан која во една прилика откри дека користи селотејп за да ги подигне градите и може да носи подлабоко деколте на црвениот тепих. Тие решиле да ја пробаат истата техника, но сфатиле дека тешко се вади и им предизвикува алергиска реакција.

„Баравме таков селотејп по интернетот и сфативме дека нема ваков производ, па одлучивме да го направиме“, изјавила Бриџит за Herald Sun.

Девојките година дена го истражувале и тестирале производот, пред да го пуштат во употреба дури минатата година.

Body Tape чини 21,95 австралиски долари. Тие изјавиле дека бизнисот го започнале со 15.000 долари, од кои 7.000 ги потрошиле на фотографирање.

„Првиот пат направивме само 200 парчиња, бидејќи се плашевме дека нема да се продадат“, се присетила Бриџит.

Година дена подоцна, девојките го прошируваат својот бизнис, а во план им е да направат и нешто за мажите.

Ријалити ТВ ѕвездата Хајди Монтаг, најпознатата австралиска инфлуенсерка Тами Хемброу и најдобрата пријателка на Кајли Џенер, Анастасиа Караниколау, го користат Body Tape како замена за градник на свечените случувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот