Оваа година нема да има ревија на „Викторијас сикрет“

викторијас сикрет

Шанина Шајк, која е дел од годишните ревии на „Викторијас сикрет“ уште од 2011 година, за Индепендент изјавила дека во 2019 нема да има ревија.

„Да, годинава нема да има шоу. Не сум навикната на тоа, бидејќи во овој период обично се подготвувам за тој настан“, изјавила таа за Индепендент.

Официјални информации зошто ревијата е откажана нема, но се претпоставува дека е поради намалениот интерес.

Споредено со 2013, во 2018 шоуто го следеле 9,7 милиони гледачи помалку низ целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот