Едвард Лакман и Јоргос Арвантис се овогодинешни добитници на наградата „Златна камера 300“ на фестивалот Браќа Манаки

Оваа година, Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ одбележува 40 годишен јубилеј. А привилегијата да биде лауреат на наградата за животно дело „Златна камера 300“ му припадна на француско-грчкиот великан, Јогос Арванитис, еден од најважните европски директори на фотографијата, на сите времиња чија работа ги обликувала филмските визии на генерации кинематографи од целиот свет.

Во текот на неговата шест децениска кариера тој осветлил и обликувал слики со исклучителна убавина во повеќе од стотина играни филмови насекаде низ Европа и Медитеранот.

„Арванитис е француско-грчки кинематографер и филмски уметник кој работел со големи имиња од грчкиот и од европскиот филм, но и со оние кои штотуку доаѓаат. Кога телефонски му соопштивме дека е лауреат, тој остана без зборови и имаше долга пауза во слушалката“, изјави директорката на фестивалот Гена Теодосиевска.

Добитник на „Златна камера 300“ за животен опус е и водечкиот американски и светски кинематографер Едвард Лакман.

Како што вели уметничкиот директор на фестивалот, Благоја Куновски- Доре, тој е еден од ретките кинематографери, кој покрај својата базична вокација се покажал и како добар режисер потпишувајќи 10 филмови а скоро 20 пати бил и во улога на снимател-камерман.

Ед Лакман, со наградата Златна Камера 300 за Животен Опус, како една од најзначајните во неговата кариера, досега вкнижува 41 светска награда, плус 42 Номинации.

На конференцијата присуствуваше и советникот во грчката амбасада кај нас, Констатинос Прукакис, кој истакна дека филмската уметност, и културата воопшто, е од исклучително значење за продолжување на добрите односи помеѓу двете соседни држави.

Уметничката директорка исто така информираше и дека со цел да се даде уште поголемо значење на јубилејот, едната награда ќе биде доделена на отворањето, а другата на затворањето на фестивалот, што ќе се одржи од 14 до 21 септември.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот