Отворено писмо од средношколец до министерот Адеми: Барем еден ден ставете се на наше место и погледнете со какво он лајн лудило се соочуваме

Отворено писмо од Дамјан Даскаловски до Министерот за образование, Арбр Адеми.

„Здраво, ја сум ученик од средно медицинското училиште во Скопје-четврта година. Бидејќи никој нема разбирање за нас решив јавно да се обратам до Министерството за образование и наука.

Во ситуација на пандемија, голем број заболени од нашата држава чија бројка секојдневно расте, а воедно и паниката кај народот која секојдневно сите не притиска и не сакајќи од наша страна сите сме затворени дома ( секако пред се за наше добро ). МОН дојде до заклучок по 1 недела пауза учебната година да продолжи нормално да се изведува во вид на ОНЛАЈН настава и од истата да бидеме оценувани. Најпрво немаше забуни кај никој од нас, бидејќи не сметавме дека ситуацијата ќе дојде до ова како што е сега. Почнавме да добиваме меилови од сите професори и истите бараа да се направат групи за нивниот предмет каде што ќе ја прикачуваат наставната содржина и ќе може да дискутираме. Се вклучивме на viber, edmodo, classroom, facebook, skype, не знаејќи веќе која група најпрвин да ја отвориме и која домашна, проект или сл. да го изработиме во предвидениот период( кој беше краток ). Кога на сите нас ни дојде премногу обраќајки се на професорите за разбирање ги добивме следниве реакции:

-а што ви е работа вас цел ден?
-ние сме спремале по 1000 страни за испит, вие се жалите на една тема;
-ние добиваме насоки од МОН и истите ви ги пренесуваме;
-и ние имаме дома деца и семејство, и посветуваме време на нив и знаеме како е;
-нема проблем не пишувајте домашни, ќе одите на полагање;
-и уште многу други коментари.

Притоа сите се трудиме и истите барања ( домашни работи, проекти ) беа навреме изработени и испратени до професорите како понатамошно образложение до министерството за нашата активност и постигнатиот успех.

Но тоа не беше се, викендов добивме и известување дека ќе мора сите ние да бидеме оценети преку тестови или пак директна комуникација(video call) со професорите за чии термини ќе бидеме дополнително известени навреме. ДЕНЕС ПОВЕЌЕТО ПРОФЕСОРИ ни се обратија велејќи -штотуку добивме известување од МОН, сите мораме да ве оцениме најдоцна до петок. ИАКО ЗА ПРЕДАДЕН МАТЕРИЈАЛ НЕ СЕ СМЕТА МАТЕРИЈАЛ КОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ САМО ИСПРАТЕН ДО УЧЕНИЦИТЕ БЕЗ ПОНАТАМОШНО ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА НЕГО.

ВО РЕД ПРОФЕСОРИ, вие добивате известувања од МОН и на крај кога ќе ви се обратиме на вас вие се браните велејќи и ние не сакаме вака да ве мачиме во оваа ситуација. Добро, од МОН јасно е напоменато дека оценувањето може да се изведе на повеќе начини вие ги применувате СИТЕ, а најчесто барате video call поради сигурност за тоа како ние ќе ја добиеме оценката или пак поради стравот да не ви падне титулата-професор бидејќи ќе пишете поголема оцена (иако голем дел од средношколците не се борат за највисоките оцени и се со среден успех)?

Да не заборавам да ги спомнам и родителите кои што имаат помали деца и секојдневно поголем дел од денот го посветуваат помагајќи им навреме да ги сработат добиените активности и да ви ги испратат.

Напнати од настаната ситуацијата, но секојдневно се повеќе од наставните содржини кои не се реализираа на ваков начин додека нормално траеше учебната година во училишните клупи.
Сите сме пред крајот и на сите ни останаа 3 месеци до завршеток на учебната година но не сме ние виновни што МОН реагира несоодветно во оваа ситуација. Посебно за нас матурантите кои во овие деновиве наместо да се подготвуваме за полагање на матурата ние правиме проекти и спроведуваме video call со сите професори, но сепак се бара од нас истата да ја полагаме без разлика на изгубениот материјал и несоодветно предаден.

АПЕЛИРАМ ДО МОН ДА СЕ СТАВИ НА МЕСТОТО-ученици И УШТЕ ЕДНАШ ДОБРО ДА ГО РАЗГЛЕДА ПРОНАЈДЕНИОТ НАЧИН (за кој говори) ПРЕД КАКОВ КРАЈ НЕ ДОНЕСЕ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот