„Отворен ден” на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”

УКИМ кампус
Кампус на општествени науки на УКИМ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” (УКИМ) во Скопје денеска организира „Отворен ден”. Настанот ќе се одржи во просториите на секој од факултетите во два термина, од 10 до 12 и од 12 до 14 часот, на кој ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера, информираат од УКИМ.

– „Отворениот ден на УКИМ” нуди можност за матурантите да се запознаат со професорите и студентите – нивните идни колеги, да прашаат сè што ги интересира: за студиските програми, за можностите за стипендирање, за искуствата и активностите на студентите, за вклученост во научноистражувачките проекти, за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности. „Отворениот ден на УКИМ” е одлична можност матурантите да се запознаат и уверат во одликите на УКИМ што го прават најдобар универзитет во нашата држава и еден од врвните во регионот, велат од УКИМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот