Откриена нова варијанта на коронавирусот, делтакрон: Дали треба да се плашиме?

Омикрон / Фото: Профимедиа

Досега се откриени 25 случаи на овој хибрид. Критичарите, меѓутоа, велат дека тоа е вообичаен случај на контаминација, пренесува РТ.

Хибрид од варијантите делта и омикрон на ковид-19 е откриен на Кипар. Бидејќи се базира на сојот делта, а бидејќи содржи и генетски мутации на омикрон, научниците го нарекле Делтакрон (Deltacron).

Леондиос Кострикис, професор по биолошки науки на Универзитетот во Кипар, го нарече новиот хибрид „делтакрон“ и во петокот предупреди дека светот „во иднина ќе види дали овој сој е попатолошки или позаразен или дали ќе преовладува“ над сегашните варијанти. 

Зборувајќи за локалните медиуми, Кострикис објаснил дека новата варијанта, наречена делтакрон, ја дели генетската позадина на сојот делта заедно со некои од мутациите на омикронот.

„Пронајдовме значителен број мутации кои претходно беа пронајдени само во случаите на омикрон, што се разликува од другите варијанти бидејќи има 30 мутации“, рече тој.

„Десет од нив се идентификувани во овие примероци земени на Кипар“, вели Кострикис.

Тој додал дека варијантата е идентификувана во 25 примероци земени на Кипар, од кои 11 од луѓето се хоспитализирани поради коронавирусот, а 14 од општата популација.

„Зачестеноста на мутациите беше поголема меѓу оние во болницата, што може да значи дека постои корелација помеѓу делтакрон и хоспитализацијата. Сосема е можно оваа специфична варијанта да не е идентификувана никаде на друго место во светот“, рекол Кострикис, така што ова откритие би можело да биде од глобален интерес.

25 случаи на делтакрон се веќе евидентирани и пријавени во базата на податоци за мутации на ГИСАИД ковид-19.

Кострикис, меѓутоа, рекол дека хибридот најверојатно ќе биде совладан од варијантата омикрон, која веќе масовно циркулира.

„Револуционерните истражувања и наоди на тимот на д-р Кострикис нѐ прават горди на нашите научници бидејќи ова истражување го става Кипар на меѓународната мапа кога станува збор за здравствени прашања“, рекол министерот за здравство Михалис Хаџипантелас.

Иако некои изразија загриженост поради извештаите за уште еден сој на ковид-19, неколку научници го отфрлија откритието како лажна тревога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот