Откако Белата куќа ги критикуваше Маск и Икс, профили на Бајден и Харис „никнаа“ на Тредс

Џо Бајден и Камала Харис / Фото: Твитер @joebiden

Белата куќа вчера се приклучи на платформата за социјалните медиуми Тредс, чиј основач Мета ја креираше како конкуренција на платформата Икс на Илон Маск.

Овој потег, за кој Белата куќа вели дека се работи веќе неколку недели, доаѓа само неколку дена откако Вашингтон и други го критикуваа Маск за ширење и одобрување на антисемитски објави.

Големите медиумски компании, вклучувајќи ги Комкаст, Волт Дизни и Ворнер Брос, објавија дека ги паузирале рекламите на Икс, порано познат како Твитер.

Социјалната мрежа на Илон Маск вчера ја тужеше групата за набљудување на медиумите Медиа Матерс, тврдејќи дека организацијата ја клеветела платформата откако објавила извештај во кој се тврди дека рекламите на големите брендови се појавувале покрај објави кои промовирале нацизам.

Белата куќа отвори свој официјален профил, како и профили за претседателот, првата дама, потпретседателката и нејзиниот сопруг. Покрај тоа, портпаролот на кампањата за реизбор на претседателот Џо Бајден изјави за Си-Ен-Ен дека претседателот, како и потпретседателката Камала Харис, исто така ќе отворат лични сметки на Тредс.

Портпаролката на Белата куќа, Робин Патерсон, рече дека овој потег е затоа што тие се „посветени да ги запознаваат луѓето таму каде што се“.

Одлуката на Белата куќа да се приклучи на Тредс и дава дополнителен кредибилитет на платформата, контролирана од основачот на Фејсбук, Марк Закерберг. Тоа, исто така, доаѓа откако некои клучни јавни личности изјавија дека целосно се префрлаат од Икс на Тредс, наведувајќи го однесувањето на Маск како поттик за овој потег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот