Осум симптоми дека сте заразени со омикрон, а може да се појават и 14 дена по инфекцијата

Фото: Профимедиа

Сојот омикрон во моментов е најраспространетиот вид на коронавирусот ширум светот и сите земји стравуваат од него. Поради тоа, англиската Национална здравствена служба ги издвои симптомите кои најчесто се појавуваат, но и времето кога може да се очекуваат првите симптоми.

Експертите од Националната здравствена служба (НХС) истакнуваат дека симптомите на заразата со омикрон се веројатно поблаги од другите соеви, особено кај вакцинираните луѓе. Секако, текот на болеста секогаш може да се искомплицира и постои одреден број смртни случаи предизвикани од омикрон, па затоа е неопходна претпазливост. Додека официјалните симптоми на ковид според НХС се континуирана кашлица, температура и губење на сетилата за вкус и мирис, кај сојот омикрон многу луѓе нема да ги искусат овие симптоми. Повеќето луѓе заразени со омикрон, според статистиката на НХС, имаат симптоми слични на обичната настинка – гребење во грлото и течење на носот.

Експертите издвоиле осум предупредувачки симптоми на сојот омикрон и велат дека најголеми шанси тие да се појават се во раните фази на заразата:

– Чувство на гребење во грлото

– Болка во долниот дел на грбот

– Течење на носот или затнат нос

– Главоболка

– Замор

– Кивање

– Ноќно потење

– Болки во целото тело

Според експертите, овие симптоми може да се појават и два дена по изложувањето на сојот омикрон, но може да се појават и по 14 дена, поради што е неопходна изолација од 10 дена ако сте биле во контакт со вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот