Осум интересенти за купување на пристаништето Волос

Волос / Фото ALFA KAPPA / Alamy / Alamy / Profimedia

Грчката Агенција за приватизација ТАИПЕД добила осум изјави за интерес за продажба на мнозинскиот пакет акции во пристаништето Волос, пренесува грчки Катимерини.TAИПЕД го иницираше процесот на продажба за најмалку 67 проценти од Капетанијата на пристаништето Волос во октомври.

Заинтересирани страни се: Адванс Пропертис; ГЕК Терна; конзорциумот на Голдеар Карго и Голдеар Хендлинг; конзорциумот на Интракат и ТЕКАЛ; конзорциумот на Израел Шипјардс Индустрис и Хеленик Халгургиа; Маринер Капитал; КјуТерминали; и Капетанијата на пристаништа во Солун (OЛТХ).

Главните активности на Капетанијата на пристаништето Волос вклучуваат товарни и контејнерски услуги, челик и старо железо, суви и влажни рефус карго и патнички услуги, вклучително и фериботи до островите Споради, како и активности за крстарење, се вели во извештајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот