Осуда од САД за „безумните” насилствата извршени од власта во Белорусија

 Политичките првенци на САД денеска изразија загриженост и осуда за акциите на власта на Република Белорусија против демонстрантите и опозицијата.

-По претседателските избори засенети од фалсификати, граѓаните кои мирно протестираат со барање за точно пребројување на гласовите се пресретнати од полиција со светлечки гранати, солзавец и гумени куршуми, изјави денеска Џо Бајден, сигурен претседателски кандидат на Демократската партија

-Режимот на (Александар) Лукашенко го блокираше Интернет, ги апси демонстрантите и независните новинари и се обидува да ги замолчи меѓународните набљудувачи. Сето тоа не се акции на политички лидер уверен во својата победа. Но, благодарејќи на храброста на граѓаните, новинари, активисти и обични луѓе кои ги документираат овие исклучителни настани, ја знаеме вистината за нападот врз демократијата извршен од страна на режимот на Лукашенко, изјави Бајден.

Копретседателот на Хелсиншки комитет на САД, републиканскиот сенатор Роџер Викер од Мисисипи, ги осуди фалсификувањата на изборите и примената на сила врз демонстрантите.

Прочитајте и...  Снежна покривка на Кораб (ФОТО)

-Од самиот почеток на кампањата Александар Лукашенко безмилосно ги задушуваше своите политички противници, независните медиуми и обичните граѓани кои бараат промени, истакна Викер.

Според него, „победата” на изборите била постигната со еклатантни примери на манипулација и измама, како и со закани и насилие. САД го поддржуваат народот на Белорусија кој има право на слободен избор за иднината на својата земја и право на мирни протести.

Тој истакна дека во јуни и јули 2020 година претседателот Лукашенко ги отстрани своите главни политички конкуренти со дисквалификации или нивно фрлање зад решетки.

Претседателот на сенатскиот Комитет за надворешна политика, Џим Риш, републиканец од Ајдахо, го повика Лукашенко да замине во оставка ако изборите биле организирани на недемократски начин.

Прочитајте и...  Ерменија прогласи воена состојба и општа мобилизација

Тој ги повика властите на Белорусија веднаш да престанат со притисокот врз медиумите, да го одблокираат Интернет и да прекинат со насилствата и апсењата. Риш истакна дека мирен трансфер на власта е животно важен чин за иднината и суверенитетот на Белорусија.

Елиот Енгл, демократски конгресмен од Њујорк и Мајкел Мекаул, конгресмен републиканец од Тексас, во заедничка изјава истакнаа: „ние стоиме зад сите храбри кои го ризикуваат животот за слободна и демократска нација и го повикуваме претседателот Александар Лукашенко да стави крај на овие безумни чинови на насилство”.

Во пресрет на изборите во Белорусија беа уапсени илјадници протестирачи, поддржувачи на кандидатите на опозицијата и новинари. ЦИК на земјата на 9 август изјави дека повеќе од 80 проценти од избирачите гласале за Лукашенко, а кандидатот на опозицијата, Светлана Тихановаскаја, чии митинзи беа посетни масовно, добила 10 отсто од гласовите.

Прочитајте и...  Расте државниот долг на Црна Гора: 3,664 милијарди евра или 79,54 БДП

Набљудувачите сметаат дека тие бројки се неточни. По изборите, низ целата земја започнаа протести, во услови на блокиран мобилен интернет, насилство од страна на полицијата и масовни задржувања.

Прочитај повеќе

Кралот на Јордан го распушти Домот на пратеници и нареди да се одржат избори

Слободен печат

„Ако биде потребно ќе бидат повикани резервистите“: Што точно значи воена состојба?

Слободен печат

Лукашенко му возврати на Макрон: Тој требаше да даде оставка пред две години

Слободен печат

Кој е подготвен за судирот меѓу Азербејџан и Ерменија – Едната страна има драстично повеќе војници

Слободен печат

Макрон: Хезболах да разјасни дали е партија или милиција

Слободен печат

Помпео вечерва во посета на Грција, разговарал со Столтенберг за тензиите во источниот Медитеран

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

„Света е наш претседател”: Повеќе од 100.000 демонстранти на улиците во Белорусија

Фамилија шеташе на островот Хвар, а набргу ги потопи бран (ВИДЕО)

Слободен печат

Во напад во Нигерија се убиени 18 луѓе, одговорноста ја презема Исламска држава

Слободен печат

Заев и Борисов телефонски разговараа за соработка меѓу двете земји

Слободен печат

Трамп: Бајден треба да се тестира за дрога пред дебатата

Слободен печат

Шахпаска: Родителите на децата до шест години и со продолжено породилно да се вратат на работа

Слободен печат