ОСОМНИЧЕН ЗА ТЕРОРИЗАМ: Маж барал снајперист за атентат на Додик

Фото: Профимедиа

Според пишувањата на српските медиуми маж од Лукавец е осомничен дека преку социјалните мрежи барал снајперисти за да изврштат атентат на Милорад Додик и претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ.

Портпаролката на министерство за внатрешни работи на Република Српска, Мирна Миљановиќ, изјавила, цитирајќи ги иницијалите на осомничениот, дека Управата за борба против тероризам и екстремизам доставила извештај до Републичкото обвинителство против З.Х. под сомневање за сторено кривично дело „јавно поттикнување на терористички активности“.

– Тој е осомничен дека на 23 јануари годинава, на неговиот профил на ‘Фејсбук’, презентирал лични идеи кои поттикнуваат на терористички акции, отворено повикувајќи на ликвидација на највисоките функционери на Република Српска –  објасни Миљановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот