Основниот суд во Урошевац му одреди 30-дневен притвор на човекот кој застрела две српски момчиња во Косово

Повредените момчиња Стефан и Милош/Фото: Скриншот

Азем Куртај доби едномесечен притвор од Основниот суд во Урошевац. Тој е осомничен дека застрела две српски момчиња во Готовуша кај Штрпце, пренесува Коха.

Во соопштението на Судот се наведува дека судијата за претходна постапка на Одделот за тешки кривични дела оценил дека постои сомнеж дека Азем Куртај намерно се обидел да ги убие Стефан и Милош Стојановиќ во Готовуша кај Штрпце.

-Кога со својот автомобил пристигнал на влезот во селото, забележал неколку граѓани на крајот од патот и за да ги избрка, свикал. Не можејќи да продолжи, го запрел автомобилот и по вербална расправија, извадил револвер и испукал двапати нанесувајќи им телесни повреди на момче и млад човек. Тие прво биле упатени во Здравствениот дом во Штрпце, а потоа во болницата во Грачаница, се вели во соопштението на Судот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот